Toshe Proeski

Najbolji forum o nashem andjelu Toshetu!
 
PrijemČesto Postavljana PitanjaTražiLista članovaKorisničke grupeRegistruj sePristupi

Delite | 
 

 Drugi weliki koncert na Gradskom stadionu

Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Ići dole 
AutorPoruka
Miona_Toshe
Admin
Admin
avatar

Broj poruka : 72
Datum upisa : 25.06.2008
Godina : 22
Lokacija : ♫♪♫♪On the 7th heaven!♫♪♫♪

PočaljiNaslov: Drugi weliki koncert na Gradskom stadionu   Sre Jul 02, 2008 6:50 am

Вториот голем концерт на Градски стадион

Тоше за првпат на Градски
Македонската мегаѕвезда успеа да ја освои публикатаНа 23 јуни 2006 година се случи вториот голем солистички концерт на Тоше, на Градскиот стадион. Спектакуларниот концерт започна со атрактивна танчерска група од Белград и во ритамот на придружниот состав на Тоше, Blue Funky Individuals. Воведните стихови на огромниот хит По тебе ветуваа дека журката на Градски ќе биде незаборавна.

Легендарната Јужна трибина беше преполна, како и тревникот пред бината, што уште повеќе го мотивираше Тоше да го даде својот максимум. Се редеа хитовите од албумот По тебе: Рани на усните, Громови на душа, Кој ли ти гризе образи, Полско цвеќе..., како и песните од претходните изданија: Во коси да ти спијам, Лејди, Излажи ме, Сонце во твоите руси коси, Далеку од мене, Ангел си ти... Секоја од нив беше прифатена еуфорично.

Некаде на половината на концертот, на сцена се појави етно пејачката Биља Крстиќ, која во дует со Тоше ја испеа Јовано, Јованке, а додека Тоше се пресоблекуваше, Биља ја почести публиката со својот голем хит Пуче пушка од филмот Зона Замфирова. Со неверојатна енергија, Тоше беше брилијантен и во другиот дел од концертот, кој официјално заврши длабоко по полноќ.

На бисот уште еднаш ја отпеа По тебе, како и Зајди,зајди. Веднаш после концертот Тоше замина за Будва.
Nazad na vrh Ići dole
Pogledaj profil korisnika http://tose-angel.niceboard.biz
 
Drugi weliki koncert na Gradskom stadionu
Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Nazad na vrh 
Strana 1 od 1

Dozvole ovog foruma:Ne možete odgovarati na teme u ovom forumu
Toshe Proeski :: *O nashem andjelu* :: Koncetri & Turneje-
Skoči na: