Toshe Proeski

Najbolji forum o nashem andjelu Toshetu!
 
PrijemČesto Postavljana PitanjaTražiLista članovaKorisničke grupeRegistruj sePristupi

Delite | 
 

 Humanitarna aukcija

Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Ići dole 
AutorPoruka
Toshyca :)
Admin
Admin
avatar

Broj poruka : 138
Datum upisa : 25.06.2008

PočaljiNaslov: Humanitarna aukcija   Uto Jul 08, 2008 1:54 am

02.07.2008 23:55
Вечерва во срцето на битолската чаршија започна хуманитарната аукција на слики
што ја организира Малиот битолски Монмартр, а посветена е на Тоше
Проески.Во наредните три дена секоја вечер од 18 до 20 часот
на аукциската изложба ќе се продаваат ликовни творби од младите ликовни
амбасадори од целиот свет што учествуваа на годинашната 27-ма Ликовна
колонија и работеа според мотиви од старата архитектура на Крушево,
Охрид и Битола.Годинашната колонија се одржа под мотото „Крушевските камбани за ангелот“, посветена на хуманата животна мисија на Тоше Проески.Аукциската
изложба се одржува во негова чест, а средствата од продадените слики ќе
бидат наменети за изградба на манастирот Свето Преображение во Крушево.Почетна цена за секое ликовно дело изнесува 100 евра.„Пред
се, заради тоа што стара градба има во старата битолска чаршија се уште
и заради придонес за фондацијата за Тоше Проески“, рече Билјана
Георгиева, првиот купувач на аукцијата.„Најубавите бисери,
односно делата создадени од ликовните амбасадори ќе се продаваат на
една хуманитарна аукција, чиишто средства ќе бидат доделени на
фондацијата на Тоше Проески за доизградба на новиот храм над Крушево“,
вели Никола Главинче, портпарол на Малиот битолски Монмартр.„Првпат
Монмартр се одделува од своите најубави дела и ги посветува на
хуманоста. Се надеваме дека во тоа име на благодарната мисија, којашто
Тоше Проески ја почна, ќе имаме успех“, додаде Главинче.

_________________
Ne zaboravi nikad...
Na tvojoj sam strani...
Da volim te niko...
Mi nece zabranit...
Nazad na vrh Ići dole
Pogledaj profil korisnika
 
Humanitarna aukcija
Pogledaj prethodnu temu Pogledaj sledeću temu Nazad na vrh 
Strana 1 od 1

Dozvole ovog foruma:Ne možete odgovarati na teme u ovom forumu
Toshe Proeski :: *O nashem andjelu* :: Toshe Proeski-
Skoči na: